Колдплеј се подготвува за пензија. Ова го откри фронтменот на бендот Крис Мартин, велејќи дека и 12-тиот албум на бендот ќе биде последен.
„Ќе снимиме 12 албуми и тоа е тоа“, изјави тој во интервју за Apple Music за најавата за новиот албум. Нивниот десетти албум, Moon Music, излегува на 4 октомври, оставајќи им на фановите само уште два да очекуваат.
На прашањето зошто бендот си наметнува лимит, Мартин рече:
„Постојат само седум книги за Хари Потер. Има само 12 и пол албуми на Битлси, исто толку колку и Боб Марли, сите тие се наши идоли. Исто така, таквото ограничување наметнува и квалитет. Песната мора да биде навистина добра за да се најде на тие албуми бидејќи има ограничен број места“.
„Не сакам да се мачиме и да работиме напорно на 60 години“, вели тој. Сепак, Мартин најави и дека нема да престане да се занимава со музика. Секогаш ќе го правам тоа на некој начин, но нешто е поинаку со Колдплеј“, заклучи тој.
Coldplay е англиски алтернативен рок бенд, основан во 1996 година во Лондон. Групата ја сочинуваат пејачот, клавијатурист и гитарист Крис Мартин, гитаристот Џони Бакланд, басистот Гај Бериман и тапанарот Вил Чемпион. Новиот албум Moon Music ќе содржи 10 песни. Се зборуваше за аванс од 35 милиони фунти за албумот, што, доколку е точно, е најголемиот аванс за албум во историјата.