Биолошката и најмладата ќерка на Еminem, Хејли Џејд, го чека своето прво дете со сопругот Еван Меклинток.
51-годишниот музичар ја откри среќната вест во спотот за неговата песна Temporary. Видеото содржи стара домашна снимка од неговата ќерка. На крајот од видеото, Еминем сподели видео каде Хејли Џејд му открива дека го чека своето прво дете.
Тогаш Хејли објави и неколку фотографии со сопругот на Инстаграм и откри дека ќе стане мајка.
За потсетување, Хејли Џејд кон средината на мај се омажи за својот долгогодишен партнер Еван Меклинток, а на социјалните мрежи сподели фотографии од венчавката. “Оваа недела се разбудив како сопруга. Не можевме да замислиме подобра и поубава прослава. Пролеаvme толку солзи радосници. Многу се смеевме и можеше да се почувствува толку многу љубов”, напиша тогаш во описот на објавата.
Додаде дека таа и Еван се благодарни што толку многу членови на семејството и пријатели отпатувале за да ги поддржат и да бидат дел од нивното ново животно поглавје. Двојката се запозна на колеџ и почна да се забавува во 2016 година. Многу следбеници и ја честитаа свадбата.
Да потсетиме, раперот и неговата поранешна сопруга Ким Скот ја добија Хејли во 1995 година. За разлика од многу славни деца, Хејли никогаш не сакала да биде во очите на јавноста.
Дипломирала на Државниот универзитет во Мичиген со диплома по психологија во 2018 година. Пред две години, таа го започна подкастот Just A Little Shady со нејзината пријателка Британи Едни, а потоа создаде модна линија.
Еминем има уште две ќерки. Тој ја посвои Алаина Скот во 2002 година. Нејзината биолошка мајка, покојната Доун Скот, е сестра близначка на поранешната сопруга на Еминем, Кимберли. Покрај неа, тој ја посвоил и Витни Матерс, девојка која Кимберли ја имала со друг маж.