По трагедијата во Нови Сад Марија Шерифовиќ го презакажа концертот во Скопје

Концертот на Марија Шерифовиќ кој требаше да се одржи вечерва со арената Борис Трајковски во Скопје, е презакажан за 10 ноември.

Поради страшната несреќа која што се случи денеска во Нови Сад и прогласените денови на жалост во Србија, Ве известуваме дека концертот на Марија Шерифовиќ се презакажува за 10 ноември (недела), информираат организаторите.

Купените билети ќе важат и за новиот датум.

Scroll to Top