(Видео) Ким Кардашијан ги згрози фановите со „празничната“ снимка на која лази, следеа низа негативни реакции

Ким Кардашијан доби многу критики откако објави малку бизарен спот за песната „Santa Baby“.

На видеото таа цело време лазеше по подот во откопчана кошула и хеланки под кои се гледаше долна облека. Таа на крајот стигнува до Дедо Мраз, кој го игра Меколи Калкин.

Видеото го режираше Надија Ли Коен и Чарли Денис, а продуцираше Тревис Баркер. Следеа негативни реакции во коментарите.

„Вака го замислувам пеколот“, „Вака мора да се чувствувала кога се будела на забавите на Диди“, „Не земам доволно лекови за да најдам уметност во ова“, „Само што помислив дека не сум видел ништо демонско од Ким во последно време“, се некои од нив.

Имаше и такви кои сметаат дека нејзиното „празнично“ издание е крајно одвратно. Оваа верзија на песната „Santa Baby“ беше претставена во третата сезона на шоуто „The Kardashians“.

Scroll to Top