Опра Винфри за слабеењето: Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна

Опра Винфри (70) сними нова епизода од The ​​Oprah Podcast. Во него таа разговараше за ефектите на лековите за слабеење врз телото со ендокринологот Ања Јастребоф и откри некои детали за нејзиниот процес на слабеење.

„Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја. Дека јадат подобра храна, полесно се држат до неа, никогаш не јадат чипс. И тогаш јас сфатиф дека тие воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, опишала Опра.

На Инстаграм профилот на Опра беше објавен клип од подкастот каде следеа бројни коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои сметаат дека она што го кажува Опра не важи за сите луѓе.

„И слабите луѓе постојано размислуваат за храна, но се трудат да ги задоволат своите физички и ментални потреби на здрав начин, а не со земање лекови“, „Ова воопшто не е точно. Се работи за волја, придржување кон диета/рутина, а вие го правите тоа долго време“, „Само затоа што се приклучивте на нов тренд не значи дека треба да зборувате како вашето разбирање за реалноста да е конечно“, „Ова ме лути“, напишаа незадоволните луѓе.

Медиумите потсетуваат дека иако претходно негираше дека земала лек за слабеење, 70-годишната ТВ ѕвезда призна дека почнала да го користи и откри дека ослабела 20 килограми. “Не можев повеќе да вежбам. Не можев да се качувам побрзо или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк на ден. Не можев да правам ништо друго”, објасни таа.

Scroll to Top