На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена Меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата, „Гоја“ наградите, следниот месец, објави Шпанската филмска академија.
Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада што ќе се емитува на националната телевизија на 8 февруари, се вели во соопштението.
Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност, глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.
Таа, исто така, ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за различни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.
Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) минатата година се преселиле во Мадрид со двата сина.
„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот Elle на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.