Да ги натерате децата да јадат зеленчук може да биде полесно отколку што мислите, се што е потребно е малку имагинација.
Експертите за однесување открија иновативна стратегија која им помага на децата со ентузијазам да посегнат по овошјето и зеленчукот. Интересно е што овој метод се покажал како поефикасен од ветувањето десерт или заканувачката казна.
Германскиот психолог Вернер Зомер и неговиот тим создадоа бајки во кои овошјето и зеленчукот имаат магични својства. Нивното истражување покажа дека само 20 минути раскажување на вакви приказни може да предизвика интерес кај децата за оваа здрава храна.
Студијата, објавена во списанието „Апетит“, беше спроведена на Универзитетот Хумболт во Берлин во соработка со Универзитетот во Најроби. Целта на истражувањето беше да се пронајдат техники за родителство кои ги поттикнуваат децата сами да донесуваат одлуки за здрава исхрана.
Истражувачите собрале 80 деца од градинка и ги поделиле во две групи. Една група слушаше приказна во која главниот лик победил болест благодарение на зеленчук со магични својства. Втората група слушаше слична приказна, но без никакво спомнување на храна.
Секој ден во текот на две недели, на децата им се нудеа закуски: овошје, зеленчук, колачиња, сите послужени на ист плех.
Резултатите беа импресивни. Дури 80 отсто од децата кои слушале приказни за магичен зеленчук избрале повеќе овошје и зеленчук до три недели по завршувањето на студијата.
Децата од втората група, кои не слушнале приказни за храна, не покажале промена во нивните прехранбени навики.
„Една приказна која трае само 20 минути може да има силно влијание врз префрлањето на преференциите од нездрави закуски на здрави овошја и зеленчук“, изјави Сомер за New Scientist во октомври 2024 година, кога беше објавен прелиминарниот извештај.
Бајките не се само забавни, туку ги обликуваат детските ставови и сфаќања. Истражувачите веруваат дека раскажувањето приказни за магичните својства на храната им помага на децата да ги поврзат овошјето и зеленчукот со позитивни искуства и авантури, што ги прави попривлечни.
Сомер и неговиот тим нагласуваат дека ваквите стратегии се клучни уште на рана возраст, кога се формираат навиките во исхраната. Во време кога нездравата исхрана станува глобален проблем, наоѓањето креативни начини за поттикнување на здравата исхрана уште од рана возраст има потенцијал да има големо влијание, пренесува Index.hr.