Ричард Гир: Милионерите кловнови кои го опкружуваат Трамп се незрели и нарцисоидни

Ричард Гир неодамна проговори за враќањето на Доналд Трамп на позицијата претседател на САД. Познатиот актер кој веќе извесно време живее во Мадрид, викендов присуствуваше на доделувањето на наградите Гоја во Гранада, каде што ја прими наградата за особен придонес во филмската уметност.

75-годишниот актер на прес-конференција пред церемонијата зборуваше на различни теми, а најголемо внимание привлекоа неговите изјави за Трамп.

„Целиот свет е во опасност. Милионерите кловнови кои го опкружуваат Трамп се незрели и нарцисоидни. Тоа е смртоносна комбинација“, рече Гир, веројатно алудирајќи на Илон Маск.

Иако, како што рече, ја разбира демократијата, актерот смета дека „Америка живее во темни времиња“.

„Мораме да бидеме внимателни со овој мрачен брак на пари и моќ. Неодговорно е да се има милионери на чело на САД, што претставува опасност за целата планета“, рече тој.

Актерот исто така призна дека тој и неговата сопруга се уште се во шок што Трамп е реизбран за претседател.

Scroll to Top