Многу фактори влијаат на крвниот притисок, од навиките во исхраната и нивото на физичка активност до секојдневниот стрес, а пиењето вода може да придонесе за нормализирање на крвниот притисок, објаснува пулмологот и професор д-р Раџ Дасгупта.
Во случај на дехидрација, водата може да помогне во намалување на крвниот притисок. Иако не е замена за лекување на хипертензија, редовната хидратација поддржува поздрави нивоа на крвен притисок, без разлика дали имате висок крвен притисок или не.
Хидратацијата помага во регулирањето на волуменот на крвта, ја поддржува циркулацијата и го намалува оптоварувањето на срцето, вели терапевтот Британи Фери.
Дехидрацијата го намалува волуменот на крвта, што ја зголемува концентрацијата на натриум и доведува до стеснување на крвните садови, објаснува д-р Дасгупта, што доведува до зголемување на крвниот притисок, пишува SingleCare.
Водата за пиење може да го намали крвниот притисок во рок од 30 до 60 минути, а промените се забележуваат по 15 до 20 минути. За мерење на крвниот притисок се препорачува да се почека најмалку 30 минути по консумирањето вода, додека за ефектот често се доволни 500 ml вода (две чаши).