Случајот Балдони-Лајвли продолжува: Блејк бара преглед на мобилниот телефон на Џастин

Блејк Лајвли испратила налози со кои бара пристап до податоците за мобилниот телефон на Џастин Балдони, пишува ТМЗ. Нејзините адвокати бараат информации од три телефонски компании, надевајќи се дека ќе најдат нешто што ќе им помогне во нивниот случај против Балдони.

Покрај Џастин, тие сакаат да ги испитаат телефоните на публицистките на Балдони, Џенифер Абел и Мелиса Нејтан, продуцентот на филмот It Ends With Us Џејми Хит, кризниот менаџер Џед Валас и ко-основачот на студиото Wayfarer на Балдони, Стив Саровиц.

Адвокатите на Лајвли, Мајк Готлиб и Есра Хадсон велат дека сакаат да ги „откријат луѓето, тактиките и методите кои се обидоа да ја уништат кариерата и угледот на Блејк Лајвли во текот на изминатата година“. Тие исто така веруваат дека Балдони и неговиот адвокат Брајан Фридман не биле транспарентни во презентирањето на информациите.

Фридман го коментираше потегот: „Налозите се нормален дел од правниот процес. Она што не е нормално е информацијата што ја бара тимот на Блејк Лајвли. Тие ги бараат сите пораки, повици и други податоци за последните 2,5 години, без оглед на тоа со кого се допишувале и за што биле. Ова покажува дека очајно бараат нешто за да ги докажат своите тврдења. Нема да најдат ништо“.

Scroll to Top