„Си го уништи лицето“: Мег Рајан изненади многумина на Оскарите

Актерката Мег Рајан (63) се појави на овогодинешното доделување на Оскарите каде изненади многумина со својот изглед. На сцената повторно се сретна со Били Кристал, со кој глумеше во култниот филм „Кога Хари ја запозна Сали“ и заедно ја доделија наградата за најдобар филм.

За време на доделувањето на наградите, Мег и Били се забавуваа на сцената, а неговиот духовит говор ја насмеа публиката.

Сепак, најголемо внимание привлече изгледот на нејзиното лице, што многумина го коментираа на социјалните мрежи. Некои истакнаа дека тешко се препознава актерката, а други ги критикуваа естетските зафати, со оглед на тоа што промените на нејзиното лице беа премногу изразени.

„Ги гледам Мег Рајан и Били Кристал. Изгледа нормално за неговите години – одлично. Но, Мег изгледа како сите процедури на нејзиното лице да тргнале наопаку. Многу тажно”, „Мег Рајан е пример зошто не треба да допирате убаво лице кога ќе остарите”, „Таа си го уништи лицето”, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Покрај коментарите за изгледот, гледачите забележале дека Рајан куца кога оди, што се должи на проблем со колкот предизвикан од артритис. Инаку, таа за оваа пригода избра елегантен припиен фустан во боја на вино, кој го комплетираше со дијамантска алка.

Scroll to Top