(Фото) Никол Кидман зажали: „Девојки, не ги следите моите стапки“

Никол Кидман беше на насловната страница на списанието „Allure“, за кое зборуваше за својата професионална кариера како актерка, но и за фактот дека жали за некои работи…

Никол Кидман позираше во црна облека за ова издание на познатото списание, а впечатлив моден детаљ беше црвената перика, која ја истакнуваше нејзината убавина.

Покрај фотографиите за модниот едиторијал, актерката сними и интервју. Таа размислуваше за својот физички изглед на почетокот на нејзината холивудска кариера и истакна дека жали што некогаш ги променила своите природни кадрици.

„Зошто си ја исправив косата“, рече таа со воздишка на фрустрација, потоа се насмеа и додаде:

„Ја обожавав косата тогаш. Тоа е мојата природна коса“, изјави Никол Кидман за новинар додека на екранот се појавуваа снимки од филмот „Денови на грмотевици“ од 1990 година.

Познатата актерка имаше и совети за девојките.

„Не е ли тоа лудо? Затоа, прифатете ги локните. Не ги следите моите стапки“, додаде Никол Кидман.

Scroll to Top