(Видео) Готви топлес, познатата актерка предизвика хаос на интернет

Гвинет Палтроу обожава да ја изненадува јавноста со своите разни изјави, појавувања, а сега и со своите способности во кујната.

Славната актерка успеа да стане една од најинтригантните русокоси во текот на годините.

Таа шармира на секој чекор, дури и кога е покриена „до вратот“, а нејзиниот изглед е секогаш главна тема со оглед на тоа што актерката е во шестата деценија.

Она со што сега ги изненади сите е видео од кујната во кое покажа како подготвува појадок, поточно пржи јајца, и тоа топлес, носејќи само долен дел од пижамите.

Разбирливо, коментарите набрзо почнаа да се шират на мрежите, а видеото на Гвинет стана вирално.

„Може ли да ти бидам дечко“, „Би сакал ваков појадок“, „Изгледаш неверојатно“, беа некои од коментарите.

Нема сомнение дека за нејзиниот изглед ќе се зборува уште долго време, а можеби во иднина ќе нè почасти со уште една провокативна и контроверзна фотографија.

Scroll to Top