Најстарата ќерка на Џесика Алба ги воодушеви сите со својата убавина на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

Џесика Алба и нејзината 17-годишна ќерка Онор се појавија во прекрасни комбинации на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.

Најстарата ќерка на актерката Џесика Алба (44), тинејџерката Онор, ги воодушеви сите со својата убавина на нејзината најнова фотографија објавена на Инстаграм, на која привлече поголемо внимание дури и од нејзината мајка.

Додека нејзината мајка се смета за една од најубавите природни актерки, 17-годишната Онор, која ја доби со поранешниот сопруг Кеш Ворен, со кого има уште две деца, е нејзина слика и прилика. Таа се појави со својата позната мајка на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.

За оваа свечена пригода, за која целиот свет зборува, а свадбата беше наречена „свадба на деценијата“, Џесика носеше елегантен смарагдно зелен фустан од дизајнерот Зухаир Мурад, чиј долен дел е направен од тил и е проѕирен. Нејзината наследничка беше во беж фустан чиј горен дел е во форма на корсет, а долниот дел е направен од цветни шари.

„Прекрасна си“, „Овде се гледаат многу силни гени“, „Многу личите“, „Најубавата жена на светот“, „Убава во зелено“, „Каква мајка, таква ќерка“, гласат коментарите, а еден корисник на Инстаграм праша која е „пријателката“ на Џесика.

Scroll to Top