(Фото) Партнерката на Роналдо повторно искритикувана

Георгина Родригез, партнерка на фудбалерот Кристијано Роналдо, повторно најде начин да биде во центарот на вниманието на медиумите – но не на позитивен начин.

Имено, пред неколку дена таа објави компилација фотографии од католички верски објект во Португалија на Инстаграм, а нејзината облека наиде на критики од јавноста.

Фаталната бринета, која често не се грижи за кодексот на облекување, овој пат одлучи да ги разбранува мрежите. За посета на црквата таа одлучи да облече бел фустан со цветни мотиви.

Целиот изглед го надополни со кожна чанта Биркин и дискретни додатоци. Составен дел од комбинацијата беше шапка што предизвика дискусија на Инстаграм.

Додека некои коментираа дека изгледа совршено и во согласност со актуелните модни трендови, имаше и такви (повеќето од нив) кои ја критикуваа. Судејќи според коментарите, носењето шапка во религиозен објект е одраз на непочитување кон него.

Фото: принтскрин

Scroll to Top