Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина од комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше само 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес, таа го нарекува тој момент врвот на нејзината кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот. Ја направи Марија ѕвезда и започна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа, додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија.“
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
За посебниот ден, Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесно син фустан, додека Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан кој го комбинираше со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги „закопаа секирите“ и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин