(Видео) Трамп „реши“ војна меѓу Албанија и Азербејџан – која никогаш не постоела

Во гостување на „Фокс њуз“, Доналд Трамп се пофали дека ставил крај на конфликт меѓу Албанија и Азербејџан – иако таква војна никогаш немало. Очигледно, ги помешал Албанија и Ерменија.

Тој раскажа дека наводно ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат: „Ајде да се прегрнете… и проблемот беше решен“, изјави Трамп.

Scroll to Top