Рис Витерспун беше во брак со нејзиниот колега Рајан Филип од 1999 до 2008 година, и како што изјави за „Њујорк тајмс“, причината за пропаѓањето на нивната љубов била самата младост.
Актерката била во раните дваесетти години кога се омажила, а подоцна ги родила ќерката Ава и синот Декон. Таа признава дека не знаела речиси ништо за љубовта, а камоли за семејниот живот.
Раскинувањето со Рајан било тешко, особено за децата, бидејќи биле мета на фотографите.
„Папараците беа насекаде. Надвор од училиштето, во градот, постојано нè следеа. Знаете, ни предизвикуваше напади на паника, напади на анксиозност, никогаш не бевме смирени. Нè бркаа со автомобили откако се разведов, надевајќи се дека ќе дознаат некои приказни за мене и Рајан – дека сме се скарале или нешто слично.
Беше страшно. Папараците им викаа работи на децата за нивниот татко или за мене што беа навистина несоодветни за нивната возраст“, рече таа, додавајќи дека нејзиниот живот во тоа време бил вистински пекол.
За среќа, тој мрачен период сега е зад нив. Откако се разведе од Рајан во 2008 година, Рис се омажи за својот втор, сега поранешен сопруг, Џим Тот, во 2011 година, со кого го доби синот, Тенеси.
Двојката се разведе во 2023 година.