Во недела, на 28 септември, свечено ќе биде осветен храмот „Свети Константин и Елена“, кој се наоѓа на улица „Македонија“ во самиот центар на Скопје.
Чинот на осветување ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи на МПЦ-ОА, со почеток во 08:30 часот. Од Црквата ги повикуваат верниците да земат литургиско учество во овој голем настан.
Изградбата на храмот започна уште во 2012 година, а траеше цели 13 години. Во 2024 година беа интензивирани работите, со што се комплетираа внатрешното уредување, фасадата и околниот простор.
Храмот, кој доминира во центарот на градот, веќе привлекува внимание со својата убавина и ќе стане ново духовно и културно обележје на Скопје.