Џенифер Лопез во неодамнешно интервју за CBS Sunday Morning изјави дека нејзиниот развод од Бен Афлек е „најдобрата работа“ што некогаш ѝ се случила. Таа објасни дека научила важни животни лекции низ тешкиот период.
„Сфатив дека радоста е во живеењето и во вистинското прифаќање на животот и сè што ти носи. Поради лекциите што ги носи, а потоа и поради сите триумфи што ги носи. Тешките времиња се лекции и тоа мора да го разбереш“, рече пејачката и актерка.
Лопез откри дека снимањето на „Бакнежот на жената-пајак“ ѝ послужило како еден вид бегство за време на тој турбулентен личен период. „Секој момент на снимањето и секој момент кога ја играв оваа улога, бев толку среќна. А потоа дома, не беше баш најдобро“, призна таа.
И покрај сè, таа останува исклучително благодарна на Афлек и неговата продуцентска куќа „Artists Equity“, која го финансираше филмот. „Филмот немаше да биде снимен да не беа тој и „Artists Equity“, нагласи таа.
„Му кажав дека ова е улогата за која сум родена и дека сакам да ја играм, а тој рече: ‘Добро’, и помогна да се случи тоа.“ Лопез заклучи дека секогаш ќе му оддава признание на Афлек за таа поддршка.
Двојката повторно се обидува да го продаде својот заеднички дом, овој пат по многу пониска цена од претходно. Нивната вила во Беверли Хилс повторно е ставена на продажба, но сега за 52 милиони долари, објави ТМЗ.