(Фото) Сега е непрепознатлива, послаба и поубава од кога било: се сеќавате ли како изгледаше?

На свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко, одржана во интимна атмосфера во Санта Барбара, меѓу гостите беше и светската музичка ѕвезда, пејачката Адел, која многумина дури и не ја препознаа на почетокот поради нејзиниот сосема поинаков изглед.

Слики од популарната пејачка се појавија на социјалните мрежи, а Адел изгледа послаба и поубава од кога било досега. За оваа свечена пригода, таа избра елегантен црн фустан, а обожавателите не штедеа зборови кога и даваа комплименти за нејзината нова фигура.

Како што е познато, Адел направи долга пауза и неодамна се врати на музиката, а нејзиниот последен настап беше во ноември 2024 година.

Медиумите исто така пишуваат дека таа наскоро ќе се врати во студиото за да започне да работи на нов албум, а потоа ќе планира светска турнеја.

Исто така, постојат шпекулации дека таа е во преговори за настап на Супербоул, иако ја одбила можноста пред десет години, наведувајќи дека „шоуто не е за музика, а таа не танцува или нешто слично“. Сепак, засега ова се само гласини, а потврдено е дека главната ѕвезда на полувремето на Супербоул 2026 ќе биде Бед Бани, порторикански рапер и пејач кој освоил неколку Греми награди.

Додека не видиме дали Адел ќе блесне на Супербоул и ќе ја изненади публиката, да се потсетиме на некои од нејзините претходни изданија, кои ја потврдуваат нејзината огромна физичка трансформација.

Адел во 2008 година

Адел во 2012 година

Адел во 2013 година

Адел во 2016 година

Адел во 2022 година

фото: принтскрин

Scroll to Top