(Фото) По разводот – промена на имиџот: осветничката фризура на Никол Кидман е хит

Славната актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак, а наводно парот живее одвоено веќе неколку месеци.

Иако Никол сакаше нивниот брак да успее, Урбан се чини дека не сакаше да се смири. Впрочем, актерката се појави со своите ќерки на Неделата на модата во Париз и го покажа својот нов изглед.

Се испостави дека секоја жена сака да промени нешто кај себе кога ќе доживее пресвртница во животот или емоционален слом. Никол ја промени фризурата и сега има шишки.

Таа позираше со своите ќерки во опуштена облека, избирајќи сиви панталони и бела кошула што паѓа преку нив, а сите веднаш погледнаа во нејзината коса.

„Шишки за одмазда“ или „шишки по раскинување“, како што беа веднаш опишани, брзо станаа главна тема на медиумите, а можеби и нов тренд што атрактивната русокоса штотуку го лансираше.

Во секој случај, Никол уживаше во ревијата на Шанел во првиот ред и, можеби во инат на бившиот, покажа дека изгледа подобро од кога било.

фото: принтскрин

Scroll to Top