(Фото) Не го крие мускулестото тело по раскинувањето: познатиот актер изгледа подобро од кога било

Актерот Орландо Блум (48) беше виден на улиците на Њујорк кратко по раскинувањето со Кејти Пери. Тој беше во опуштена облека, фотографиран како излегува од теретана, а неговиот изглед веднаш го привлече вниманието.

Носеше спортски комплет, шорцеви и маица, а мускулите на нозете ги привлекуваа погледите на сите минувачи.

Носеше и црна капа, а можеби така се обиде да се скрие од папараците, но без успех.

Орландо Блум тренираше напорно за да изгледа вака во минатото, а сето тоа беше за потребите на филмот „The Cut“ во кој игра ирски боксер.

Во секој случај, Блум изгледа подобро од кога било иако штотуку раскина со десетгодишната врска. Тој има и ќерка со Кејти Пери, а поранешната двојка нагласи дека детето им е најважно и дека останале во пријателски односи поради неа.

фото: принтскрин

Scroll to Top