Домашната маска од тиква прави чуда за кожата на лицето: Ги спречува првите знаци на стареење

Вкусните тикви не се погодни само за деликатни десерти, туку се идеални и за нега на кожата.

Кога ќе дојде есента и сезоната на тикви, топлите супи од тиква и вкусните пити често се на нашите трпези. Но, ви предлагаме да ја користите тиквата на поинаков начин оваа есен. Поради својот состав, тиквата има исклучително корисен ефект врз убавината.

Содржи многу витамини – А, Ц и Е, кои се добри за кожата и ги спречуваат првите знаци на стареење. Исто така, тука се и цинкот, калиумот и антиоксидансите кои ја смируваат и ја хранат кожата.

Како да ја вклучите тиквата во вашата рутина за убавина?

Подгответе освежителна и хранлива маска од мекиот дел од тиквата, која ќе ви даде убава, здрава и сјајна кожа. Што е најдобро: лесно се прави, а состојките веќе ги имате дома.

Што ви е потребно?

– две лажици од внатрешноста од тиквата

– половина лажичка мед,

– половина лажичка млеко или јогурт.

Подготовка и употреба:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја со прстите на исчистено лице. Можете да ја нанесете маската и на деколтето и вратот – во овој случај, дуплирајте ја количината на состојки. Оставете ја маската да делува околу 20 минути. Нежно отстранете ја со влажна крпа, потоа измијте го лицето и нанесете хранлива крема.

фото: принтскрин

Scroll to Top