Прославениот актер Харисон Форд (83) и неговата 22 години помлада сопруга, Калиста Флокхарт (61), се појавија заедно на церемонијата на доделување на наградите на Screen Actors Guild Awards, каде што Форд доби и награда за животно дело.
Harrison Ford and wife Calista Flockhart share a cute moment on the Actor Awards red carpet ahead of his Life Achievement Award#HarrisonFord#CalistaFlockhart
pic.twitter.com/MBkjpSL3a7— Rick 🇺🇸 🇺🇦🇮🇱 (@RickyTheGee) March 2, 2026
Нивниот брак со години е инспирација за многу други парови, а актерот често зборува за тоа која е нивната тајна. Како и обично, секогаш кога двајцата се појавуваат на некој настан, сè друго останува во сенка.

Тие се во брак 16 години, но сè уште се сакаат еден со друг колку првиот ден, а нивното однесување пред камерите го докажува тоа. За оваа пригода, Калиста, која ретко се појавува во јавност, избра тесен црн фустан со набори и цело време ја држеше раката на Харисон.

Славниот актер блескаше во класичен црн костум и бела кошула, а снимките од нивното пристигнување пред фотографите набрзо ги преплавија социјалните мрежи.

Љубовната приказна на славниот пар започна во 2002 година, кога се запознаа на доделувањето на Златните глобуси. И покрај разликата во годините, тие започнаа врска, а во 2010 година се венчаа.
Додека го запознала, Калиста веќе посвоила момче, како самохрана мајка, а Харисон Форд подоцна станал законски татко на момчето, иако веќе има четири деца од претходни бракови.






