Мишел Фајфер ја откри тајната на својот младешки изглед: Поедноставно е отколку што мислите

Холивудската актерка Мишел Фајфер ја откри тајната на својот младешки изглед, а поедноставно е отколку што мислите.

Легендарната Мишел Фајфер неодамна даде интервју за „Fox News Digital“ во врска со новата серија „The Madison“. Во оваа прилика, таа зборуваше за својата актерска кариера, но и за малите тајни на нејзиниот младешки изглед.

Како што вели, одржувањето на младешкиот изглед и сјај не бара комплицирани рутини, туку едноставна дневна навика што никогаш не ја прескокнува. Покрај тоа, добрата генетика игра важна улога и во нејзиниот изглед.

„Имам одлична генетика. Мојата мајка, моите сестри, се грижам за себе. Се хранам многу здраво. Престанав да пушам рано. Исто така вежбам. Вежбањето е навистина важно, и јас сум среќна – мислам дека тоа покажува дека сум здрава“, рече Мишел Фајфер.

Таа појасни дека нејзината рутина е всушност мала, но моќна навика што придонесува за нејзиниот сјај.

„Мислам дека вежбањето е, искрено, најдобро за кожата. Најдобро за мозокот, најдобро за сè. Ако можете да направите само едно нешто што ќе ве направи поубави – вежбање. Потете се. Се потам многу. Тоа е навистина добро за мозокот“, рече Мишел Фајфер.

Scroll to Top