Жената која стана вирална откако на концерт на Coldplay беше снимена во прегратката на својот шеф, изјави дека го прекинала секој контакт со него поради, како што вели, „голем недостаток на искреност и интегритет“.
Кристин Кабот, која заедно со директорот Енди Бајрон доби отказ во компанијата „Астрономер“ по инцидентот, сега проговори за настанот што ѝ го променил животот минатото лето.
Во извадок од подкаст што го промовира Опра Винфри, Кабот откри дека на денот на концертот добила порака од својата ќерка дека таму е и нејзиниот сопруг Ендрју, од кого се разделувала.
@metroentertainment Well this was awkward.. 😳 At a recent @coldplay concert, frontman Chris Martin accidentally exposed a couple having an affair by showing them on kiss cam 🤦♂️ Whoops… Video Credit: Grace Springer via Storyful #chrismartin #coldplay #affair #kisscam #chrismartincoldplay #celebrity #celebritynews ♬ original sound – Metro Entertainment
„Токму кога влегував на концертот, ќерка ми ми напиша: ‘Супер, значи и ти и тато сте на Coldplay’“, раскажа таа.
Кабот подоцна сфатила дека би било подобро да се сретнат порано, за да избегнат непријатности. Таа тврди дека со поранешниот шеф Бајрон немала интимна врска. Потврди дека повеќе не се во контакт и дека уште минатата година ја прекинала комуникацијата со него.
„Не беше личноста за која се претставуваше, а лагата за мене е неприфатлива“, рече таа. „Многу од тоа што ми го кажа едноставно не беше вистина.“
Не сакаше да навлегува во детали за тоа за што лажел, додавајќи дека знае како е кога приватниот живот станува јавен, и ги замоли луѓето да престанат да ѝ испраќаат смртни закани.
Инцидентот се случи на 15 јули минатата година, кога Кабот и Бајрон беа снимени на концерт. Кога нивната снимка се појави на големиот екран, се обидеа да се сокријат, но моментот го сними друга посетителка и го објави на социјалните мрежи. Видеото брзо станало вирално.
Откако двајцата беа идентификувани на интернет, компанијата Астрономер соопшти дека започнала формална истрага. Исто така демантираше лажни извинувања што се појавиле во името на Бајрон.
Набргу потоа беше објавено дека Бајрон е ставен на одмор, а на 19 јули компанијата соопшти дека поднел оставка, која Управниот одбор ја прифатил. Во меѓувреме, коосновачот и директор за производи Пит ДеЏој привремено ја презел функцијата.
Неколку дена подоцна беше објавено дека и Кабот поднела оставка и повеќе не работи во Astronomer.
Во интервју за „Тајмс“ во декември минатата година, Кабот откри дека сè уште ги чувствува последиците и дека не може да најде работа. За „Њујорк тајмс“ изјави дека таа и Бајрон немале сексуална врска, но дека разбира како ситуацијата изгледала за другите.
„Бев многу засрамена и преплашена. Јас сум шефица за човечки ресурси, а тој е директор. Тоа е такво клише, толку е лошо“, рече таа.






