Џон Траволта се расплака откако ја доби почесната „Златна палма“ на Канскиот фестивал

Американскиот актер Џон Траволта доби почесна „Златна палма“ на овогодинашниот Кански филмски фестивал, пред светската премиера на неговиот режисерски деби филм „Ноќен лет до Лос Анџелес“ (Propeller One-Way Night Coach).

Почесната награда му ја врачи директорот на фестивалот Тиери Фремо за време на церемонијата одржана во Кан.

– Не можам да верувам во ова. Ова е последното нешто што го очекував. Рековте дека ова ќе биде посебна вечер, но не мислев дека го мислевте ова. Ова е момент на понизност. Ова е повеќе од Оскар – рекол Траволта со солзи во очите.

Траволта, двократен кандидат за наградата „Оскар“, на фестивалот го претстави првиот игран филм каде што се обиде во улогата на режисер, кој е базиран на неговиот истоимен роман, кој го објави во 1997 година.

Познат по својата долгогодишна страст кон авијацијата и кариерата како пилот, Траволта ја истражува својата фасцинација со летањето и своите детски спомени од откривањето на светот на авијацијата во филмот.

Актерот стекна светска слава со своите улоги во филмовите „Грозница соботње вере“, „Бриљантин“ и „Петпарачки пиче“, а во текот на својата кариера двапати беше номиниран за наградата на Американската филмска академија.

Scroll to Top