Само неколку дена пред една од најочекуваните свадби во светот на шоу-бизнисот, се појавија нови информации за прославата на Тејлор Свифт и Тревис Келси.
Според ексклузивни информации на New York Post, на 2 јули, ден пред свадбата, двојката ќе организира интимна пробна свадбена вечера (rehearsal dinner) во легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Извор близок до парот открил дека на вечерата ќе присуствуваат околу 100 членови на семејството и најблиските пријатели, додека главната свадбена прослава, закажана за 3 јули, ќе биде далеку поголем настан.
Според претходните информации, на свадбата се очекуваат меѓу 1.000 и 2.000 гости, што ја прави една од најголемите славенички церемонии во последните години.

Весникот The New York Times прв објави дека венчавката ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“, а Page Six претходно откри дека сите инволвирани во организацијата потпишале строги договори за доверливост.
„Сите се заколнаа на молчење“, изјавил извор близок до подготовките.
Во претходните месеци се шпекулираше дека Тејлор и Тревис ќе се венчаат во нејзиниот имот во Род Ајленд. Дури се појавија гласини дека пејачката наводно ѝ исплатила голема сума пари на друга невеста за да го ослободи терминот на 13 јуни.

Сепак, подоцна парот решил целосно да ги промени плановите и да организира многу поголема свадба за да може да покани повеќе гости.
За организацијата бил ангажиран познатиот свадбен организатор Марк Сид, кој важи за еден од најдискретните професионалци во Холивуд.
„Тој може од ништо да направи спектакл и никогаш не зборува за своите клиенти“, открил извор.
Според американските медиуми, Тејлор лично ги поканувала гостите телефонски, а меѓу поканетите се бројни светски ѕвезди, меѓу кои Карли Клос, Зои Кравиц, Ед Ширан, Суки Вотерхаус, сестрите Хаим, Џиџи Хадид и Селена Гомез.
Интересно е што дури ни дел од поканетите не знаат каде точно ќе се одржи церемонијата.
Играчот на Сан Франциско 49ерс, Џорџ Китл, кој е близок пријател на Келси, откри дека го прашал Тревис за локацијата, но наместо одговор добил само смеа.
„Почнувам да мислам дека ќе нè качат во приватен авион и ќе нè однесат на некоја тајна локација“, се пошегува Китл.
Во меѓувреме, двајцата веќе ги прославуваат последните денови пред венчавката.
Минатата недела Тејлор беше забележана во бела облека со неколку блиски пријателки во нејзината вила во Род Ајленд, додека Тревис Келси организираше моминска вечер со братот Џејсон Келси и најблиските пријатели во Лос Анџелес.
Тејлор Свифт и Тревис Келси се свршија во август 2025 година, по две години врска, а нивната свадба веќе се најавува како еден од најголемите светски настани во светот на славните ова лето.






