Тревис Келси првпат проговори за запросувањето на Тејлор Свифт по свадбата: „Тоа е епизода што ќе ја паметам засекогаш“

Ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси за првпат јавно зборуваше за запросувањето на својата сопруга Тејлор Свифт во првата епизода од подкастот „New Heights“ по нивната свадба.

Келси откри дека епизодата во која Тејлор беше специјална гостинка, а која беше снимена непосредно пред запросувањето во август 2025 година, засекогаш ќе остане едно од неговите најдраги сеќавања.

„Да ја започнеме сезоната на подкастот со Тејлор беше навистина посебно. Во текот на целото снимање во главата ми беше само една мисла – ‘По ова ќе ја побарам за жена’“, изјави Келси.

Тој додаде дека токму таа епизода е една од оние што „ќе ги памети засекогаш“ и ја опиша како „навистина посебна и многу забавна“.

Не зборуваше за свадбата

Иако ова беше прва епизода од подкастот по свадбата, Келси не откри нови детали за церемонијата. Воедно беше најавено дека „New Heights“ ќе биде на пауза до 2 септември.

Според објавените информации, Тејлор Свифт и Тревис Келси се венчале на 3 јули во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, пред повеќе од 1.000 гости.

Церемонијата ја водел актерот Адам Сендлер, а според присутните, емотивните завети ги расплакале голем дел од познатите гости.

Емотивни завети

Според извори блиски до двојката, Тејлор Свифт за време на свадбените завети дури и запеала, додека еден момент особено ги трогнал присутните.

Иако многумина очекувале невестата да биде поемотивна, сведоците тврдат дека токму Келси бил оној што потешко ги сокривал емоциите.

Друг извор навел дека спортистот бил видно возбуден додека стоел пред олтарот и дека ветувањето „дека засекогаш ќе ја штити“ ја расплакало Тејлор.

Нетрадиционален избор за свадбата

Наместо класични кумови и деверуши, двојката одлучила да им оддаде чест на своите најблиски.

Братот на Тејлор, Остин Свифт, ја имал улогата на „Man of Honor“, додека братот на Тревис, Џејсон Келси, бил негов кум.

Луксузна церемонија и раскошна прослава

Според американските медиуми, свадбениот фустан на Тејлор бил изработен од Christian Dior Haute Couture, по дизајн на Џонатан Андерсон.

По церемонијата следувала голема свадбена прослава со бројни луксузни детали, меѓу кои и томбола со вредни подароци како чанти од Chanel и Dior, како и часовници од Cartier.

Просторот бил уреден како шума, со дрвја и подлога што наликувала на трева, создавајќи впечаток на романтична градина.

Двојката дополнително ја украсила свадбената прослава со автомобил Chevrolet Chevelle SS Cabriolet од 1970 година, со персонализирана регистарска табличка „JST&T MRD“.

Според претходните информации, Келси ја запросил Тејлор во август 2025 година во дворот на својот дом во Канзас, а медиумите објавија и дека двајцата претходно склучиле граѓански брак далеку од очите на јавноста, пред големата свадбена церемонија.

Scroll to Top