Тоневски ги пречека пробиштипските пензионери: Со три медали до четврто место на републичките натпревари

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека членовите на Здружението на пензионери кои го претставуваа градот на Републичките спортски натпревари. Пробиштипската екипа освои две златни и еден бронзен медал, како и две четврти места во поединечните натпреварувања.

Постигнатите резултати му го донесоа на здружението четвртото место во генералниот пласман. Јубилејните, 30-ти републички натпревари се одржаа на 2 септември во Охрид.

Тоневски им честиташе на учесниците и истакна дека нивниот успех е повод за гордост за Пробиштип. Според него, тие покажале дека желбата за натпреварување, упорноста и спортскиот дух не зависат од возраста.

Градоначалникот им се заблагодари на пензионерите за начинот на кој го претставиле градот. Тој посочи дека нивното учество, покрај спортските резултати, го поттикнува и дружењето, рекреацијата и активниот живот.

Scroll to Top