Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека членовите на Здружението на пензионери кои го претставуваа градот на Републичките спортски натпревари. Пробиштипската екипа освои две златни и еден бронзен медал, како и две четврти места во поединечните натпреварувања.
Постигнатите резултати му го донесоа на здружението четвртото место во генералниот пласман. Јубилејните, 30-ти републички натпревари се одржаа на 2 септември во Охрид.
Тоневски им честиташе на учесниците и истакна дека нивниот успех е повод за гордост за Пробиштип. Според него, тие покажале дека желбата за натпреварување, упорноста и спортскиот дух не зависат од возраста.
Градоначалникот им се заблагодари на пензионерите за начинот на кој го претставиле градот. Тој посочи дека нивното учество, покрај спортските резултати, го поттикнува и дружењето, рекреацијата и активниот живот.






