Македонската пејачка Кристина Стрезоска ја претстави новата поп-песна „Иста грешка“, придружена со официјален видеоспот. Видеото беше премиерно објавено на 21 ноември на јутјуб-каналот на IDJVideos.
Зад музиката и аранжманот стои продуцентот Вански, кој заедно со Стрезоска и Стефан Ефремов учествувал и во пишувањето на текстот.
За миксот се погрижиле Вански и Андреј Ник, додека мастерингот е дело на Андреј Ник. Видеоспотот го режирал и продуцирал Зоран Стојановски – Зонде, а за изгледот на пејачката во видеото се погрижил Давид Огњаноски.
Стрезоска на пошироката регионална публика ѝ стана позната преку музичкото натпреварување „IDJ Show“. Во третата сезона, во 2024 година, таа се најде меѓу 12-те финалисти, а внимание привлече и со изведбата на песната „Proud“ од Тамара Тодевска.
По учеството во шоуто, пејачката продолжи со самостојни музички изданија. Меѓу нив е и „Те губам“, за која музиката ја потпишува Дарко Димитров, а текстот Игор Џамбазов.
Песната „Иста грешка“ и видеоспотот се достапни на јутјуб






