Марина Туцаковиќ, која три години се бори со ракот на дојката, во едно скорешно интервју откри дека иако сè уште не се опоравила, во ниеден момент не се откажала од цигарите и алкохолот. Таа рече дека нема да дозволи болеста целосно да управува со нејзиниот живот, па затоа секогаш ќе ужива во пороците, иако пие и пуши помалку од претходно.
„Откако дознав која е мојата дијагноза, целосно им се предадов на лекарите. Не сакав да се мешам во нивната работа ниту секунда. Не сум истражувала за мојата болест, а секоја посета на лекар ја гледам како излегување во град. Што е тоа е. Одиме понатаму. Но нема да дозволам ракот да биде целиот мој свет“, вели Марина.
Таа додаде и дека понекогаш пие алкохол и пуши цигари, но многу помалку отколку пред да ѝ ја откријат болеста.
„На болеста гледам како на нешто што ми се случува во моментов. Работам колку што можам, не сум се откажала од готвење, шопинг, патувања, како ни од алкохолот. Ракот не ме натера да се откажам од моите пороци. Сакам да испијам чаша ракија или пиво. Пушењето го оставив на некое време, но се вратив. Кога пушам, земам чад или два и ја гасам цигарата. Штом се чувствувам подобро, пушам, но не сум страствен пушач кој не може без тутун“, кажала Туцаковиќ во интервјуто.