Последните терапии не дадоа резултати, веќе не можам да стојам на нозе: Марина Туцаковиќ за борбата со ракот

Текстописецот Марина Туцаковиќ, која неколку години се бори со ракот на дојката, поради болеста веќе не може да оди, па се движи со количка. Во интервју за српските медиуми Марина откри дека последните терапии не дале резултати, но таа нема да се предаде.

„Почнав да одам на хеморерапии. Од нив се чувствувам слабо, па не можам многу да одам. Одам само до банка и до одделението за онкологија, но и тогаш одам во количка. Никаде не излегувам бидејќи сè ми е напорно. Се чувствувам како да сум во затвор“, вели Туцаковиќ.

 

Откако дознала дека има рак, Марина пробала разни лекови, но и понатаму не ѝ е подобро.

„Досега пробав сè и сешто. Верувам дека секој организирам различно реагира на лековите и тоа е нормално. Претходните терапии не дадоа резултати затоа почнав со нов циклус на хемотерапии. Искрено пред да тргнам на терапиите се чувствува подобро, но резултатите не беа добри. Пред неколку дена ми направија скенер и резултатот е малку подобар од претходниот. Морам да продолжам да се борам. Не знам уште колку долго ќе трае оваа битка и тоа ме мачи. Секако дека не се откажувам бидејќи сум силна жена“, вели Туцаковиќ.

Таа рекла и дека иако ѝ е тешко, не престанува да пишува текстови.

„Измрцварена сум, малаксана, но пишувам. Не се откажувам од работата“, рекла таа.

 

Scroll to Top