Келнерката мислеше дека сум ѝ ќерка на Лидија Вукиќевиќ, српската глумица раскажа анегдота што ѝ се случи за Божик

Српската глумица Лидија Вукиќевиќ, по божикните празници, со неколку пријатели беше на зимување на планината Јахорина во Босна. Освен што скијаше и се опушташе во сауна, на социјалните мрежи секојдневно објавуваше фотографии од зимувањето. По враќањето во Белград, за српските медиуми Лидија раскажа анегдота што ѝ се случила во кафуле во Сараево кога келнерката ѝ побарала лична карта за да се увери дека таа е навистина Лидија.

„Со пријателите седнавме на кафе кога дојде келнерката и ми рече: „Леле, ти сигурно си ќерка на Лидија Вукиќевиќ“. Јас молчев и се смешкав, а моето друштво веднаш почна да се смее. На жената се обидоа да ѝ објаснат дека јас сум всушност Лидија, но таа помисли дека се шегуваме со неа. И јас се обидов да ѝ кажам дека навистина сум Лидија, ама таа не ми веруваше“, рекла Лидија.

Глумицата раскажала и дека жената се вратила по 20-ина минути и понатаму со недоверба дека Лидија и нејзините пријатели ја зборуваат вистината.

„Ми рече: ‘Ќе сакате да ми дадете лична карта?’ Го направив тоа, и кога ја виде, остана без зборови. Само искоментира ‘не можам да верувам, навистина си ти’ и си замина. Оваа ситуација ми беше многу слатка, па деновиве често ја прераскажувам и се смеам“, додала глумицата.

Scroll to Top