Пејачката Биљана Сечивановиќ, некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, викендов се омажи за Александар Недиќ. Ова е прв брак за пејачката, која го има синот Матеј од врска со бизнисмен од Австралија, а кој ја оставил веднаш кога дознал дека е бремена. Александар, пак, е татко на 16-годишната Николина, која ја има од првиот брак, пишуваат српските медиуми.
Парот се венча во присуство на само неколку членови на семејството и кумовите, а пејачката беше облечена во бела венчаница.
„Љубовта не знае за време и години, а јас ќе се мажам кога ќе биде време за тоа бидејќи не се грижам за коментарите на другите“, изјави Биљана во една пригода.
Таа и Александар се запознале пред три години, а од неодамна живеат заедно.
„Најтешкото помина. Не е лесно да прилагодите двајца тинејџери кои не се во сродство, а станаа семејство. Исто така, на децата треба да им биде јасен односот меѓу нивните родители и личностите кои ги одбрале за свој партнер. Периодот на прилагодување придонесува помали потешкотии, но со љубовта која ја имаме јас и Аца сè поминува полесно“, изјави неодамна пејачката.