Се продава свадбениот „јагуар“ на Цеца и Аркан

Колата од марката „јагуар“ со која се возеа Цеца и Аркан на нивната свадба во 1995 година, се продава за 28.000 евра преку интернет оглас. Пред неколку месеци јагуарот XJ Majestic Vanden Plas е понуден на продажба за 120.000 евра, но бидејќи никој не го купил, цената сега е многу помала.

Според сопственикот, колата е произведена 1990 година, а во светот постои само 121 „јагуар“ од овој тип. Ентериерот е од кожа, колата е со 4 седишта и има поминато помалку од 35.000 километри.

Scroll to Top