Турскиот актер Џан Јаман (31) ја раскинал веридбата со италијанската новинарка Дилета Леота (30), пишуваат италијанските медиуми. Тие тврдат дека Јаман не се дошол на роденденската забава на новинарката, а претходно пишуваа и дека Леота веќе не го носи вереничкиот прстен на рака.
Поранешната девојка на Ибрахимовиќ и Џан се свршија на Денот на вљубените. Тогаш глумецот ја побара за жена со голем транспарент од авион. Тие планираа раскошна венчавка во 2022 година.
На социјалните мрежи Дилета и Џан престанаа да објавуваат заеднички слики, а последен пат се видени заедно на почетокот на август. Обожавателите забележале и дека веќе не си ги лајкуваат објавите на Инстаграм, но парот не се огласил во однос на овие гласини.
(Фото) Новинарката Дилета во страст со турскиот актер Џан Јаман: Жешки сцени на јахта во Бодрум