Турскиот глумец Џан Јаман ја раскина веридбата со бившата на Ибрахимовиќ

Турскиот актер Џан Јаман (31) ја раскинал веридбата со италијанската новинарка Дилета Леота (30), пишуваат италијанските медиуми. Тие тврдат дека Јаман не се дошол на роденденската забава на новинарката, а претходно пишуваа и дека Леота веќе не го носи вереничкиот прстен на рака.

Поранешната девојка на Ибрахимовиќ и Џан се свршија на Денот на вљубените. Тогаш глумецот ја побара за жена со голем транспарент од авион. Тие планираа раскошна венчавка во 2022 година.

На социјалните мрежи Дилета и Џан престанаа да објавуваат заеднички слики, а последен пат се видени заедно на почетокот на август. Обожавателите забележале и дека веќе не си ги лајкуваат објавите на Инстаграм, но парот не се огласил во однос на овие гласини.

(Фото) Новинарката Дилета во страст со турскиот актер Џан Јаман: Жешки сцени на јахта во Бодрум

Scroll to Top