Аки Рахимовски постхумно доби награда „Порин“ за животно дело

Легендарниот пејач на „Парни валјак“, Аки Рахимовски, постхумно доби награда „Порин“ за животно дело. Престижната музичка награда ја примија синот Кики и ќерката Едина.

„Ви благодарам од името на семејството Рахимовски за ова признание. Музичката награда ‘Порин’ ја обележа кариерата на татко ми што ја изгради како пејач на ‘Парни валјак’. Она што останува зад него се само песната, неговата огромна харизма и вербата дека утре никогаш нема да пристигне. Тој беше вечен сонувач со немирен дух, Петар Пан со широка насмевка, а за мене само татко. Ја живееше музиката, ја живееше песната и живееше за публиката. Музиката беше неговата фаза од животот низ која се менуваа годишните времиња. И сето тоа беше татко ми“, рече ќерката на Аки во својот емотивен говор.

На доделувањето на наградата присуствуваа и двајца членови на групата, гитаристот Маријан Бркиќ и клавијатуристот Берислав Блажевиќ.

Лидерот на легендарниот бенд почина на 22 јануари на 67 години.

Scroll to Top