Аки Ракимовски доживеал мозочен удар

Пејачот на групата „Парни ваљак“, 62-годишниот Аки Рахимовски, доживеал полесен мозочен удар. Сите концерти на бендот се откажани. Ова на фановите им беше соопштено преку официјалните страници на групата на Фејсбук и на Инстаграм.

„За жал принудени сме да ги откажеме сите концерти на неопределено. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар и иако се чувствува подобро, некое време треба да забави и да се фокусира на заздравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме нашата работа и со незадоволство ќе разочараме илјадници луѓе кои се радуваа за претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, пишува во објавите на социјалните мрежи.

Рахимовски за 24сата.хр изјавил дека се чувствува добро.

Scroll to Top