Актерот Милан Лане Гутовиќ приклучен на респиратор

Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ утрово бил ставен на кислородна поддршка, но откако му се влошила состојбата, го приклучиле на респиратор, пренесуваат српските медиуми.

Тој беше примен во петокот во болница со негативен ПЦР тест, поради проблеми со дишењето, Но во понеделникот неговата состојба нагло се влоши и оттогаш е преместен на одделението за интензивна нега.

Актерот се огласи по веста за неговата здравствена состојба и рече дека се надева дека ќе биде подобро.

Тој најпознат по неговата улога на Среќко Шојиќ во филмот Тесна кожа, а пред два месеца потпиша договор за снимање на нова српска серија, која треба да започне со снимање во септември.

Веројатно ќе бидам подобар, Лане Гутовиќ се огласи по веста дека му се влошила состојбата

Scroll to Top