Актерот Милош Биковиќ доби руско државјанство

Српскиот актер Милош Биковиќ доби руско државјанство. Информацијата беше објавена на официјалниот портал за правни информации на Русија, ја потврди и актерот на „Инстаграм“.

„Повеќе од 7 години активно учествувам во културниот живот на Русија. За мене е тоа благослов. Од првиот ден се чувствувам прифатен во сите сфери на општеството, а сега тоа го потврди и рускиот претседател, кој потпиша да добијам државјанство“, напиша актерот.

„Да се даде руско државјанство на следниве лица:… Милош Биковиќ, роден на 13 јануари 1988 година во Србија“, стои во указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Биковиќ е еден од најпопуларните балкански актери, кој е истовремено и еден од најплатените актери во Русија, каде што со години гради кариера. Тој почна да снима во Русија 2014 година кога доби споредна улога во филмот „Сонце“ на Никита Михалков, еден од најпознатите руски режисери.

Биковиќ во 2018 година го доби Медалот на Пушкин од страна на претседателот Владимир Путин, на Денот на националното единство. Ова признание се доделува за заслуги во областа на културата и зближување на културите и нациите. Само режисерот Емир Кустурица има ваква награда меѓу српските уметници во Русија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Scroll to Top