Актерот Власта Велисављевиќ пренесен во болница во тешка состојба поради коронавирусот

Актерот Власта Велисављевиќ е пренесен во болница поради компликации од коронавирусот, пренесуваат медиумите. Тие пишуваат дека Власта е во тешка состојба и дека лекарите прават сè за да му го спасат животот.

Велисављевиќ лани наполни 95 години и е најстариот активен глумец во Србија. Одиграл околу 350 улоги во театар, во серии и на филм. Тој е и доживотен почесен член на Југословеснкиот драмски театар.

Неодамна за српските медиуми тој изјави дека му е страв од короната, но дека внимава на себе и на своето здравје.

„Се чувам колку што можам. Лошо е кога имате некаков друг здравствен проблем, па поради короната, не можете да го решите оти другите гранки на медицината или не работат или се со намален капцитет. Сега не можам да одам на редовни контроли како порано, сè е делумно затворено. Ама светот се бори против короната, а и јас се борам против неа заедно со светот“, изјави актерот.

Scroll to Top