Актерот Зијах Соколовиќ примен во болница поради проблеми со срцето

Босанскиот актер Зијах Соколовиќ е примен во болница во Бања Лука, порад проблеми со срцето. Дека има проблеми со здравјето, откри директорката на Детскиот театар на Бања Лука, Љиљана Лабовиќ, која рекал дека заради срцевите тегоби, Соколовиќ не можел да присуствува на премиерата на претстава што ја режирал самиот.

„Се надевам дека сè ќе биде добро. Денеска бев примен, а претходно бев повеќепати во болница. Ќе имам интервенција. Лекарите се крај мене, не можам повеќе да зборувам,“ рекол глумецот во телефонски разговор со новинарите.

70-годишниот актер, во ноември беше во болница поради инфекција со коронавирусот. Тогаш заразата ја помина лесно.

Scroll to Top