Александар Вучиќ го одликуваше Андреа Бочели со медал за заслуги пред концертот во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера му додели Златен медал за заслуги на светскиот тенор Андреа Бочели. Признанието му го даде во Белград, пред концертот на Бочели на Белград ривер фест.

„Ми претставува особена чест вечерва да го доделам златниот медал за заслуга на Андреа Бочели, еден од најголемите тенори на денешницата и уметник кој преку единствената и фасцинантна страст во интерпретацијата, на публиката ширум светот и дава незаборавни емоции и спектакуларно искуство на музиката“, рече Вучиќ на церемонијата.

На концертот на Бочели како специјален гостин настапи пејачката Јелена Томашевиќ.

Scroll to Top