Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ прославија две години брак, пренесуваат српските медиуми. Двојката се венчаше во 2018 година во Белград. Лепа Брена јавно преку социјалните мрежи им честиташе и им посака долга и вечна љубов.
Александра откри дека на денот на свадбата таа променила четири фустани. Венчавката во црквата изгледала како да е кралска. Брена и Боба откриле дека ја обожаваат Александра и дека ја засакале уште од првиот ден кога се запознале.