Пејачката Александра Пријовиќ е на само три месеци до венчавката со Филип Живојиновиќ, која е закажана за 21 јуни.
Таа деновиве е во потрага по венчаница, а признава и дека сака наскоро сака да стане мајка.
Српските медиуми деновиве шпекулираат дека Пријовиќ брза со свадбата бидејќи е бремена, но таа не ги потврдува ваквите шпекулации.
„Тоа е нешто најубаво што може да му се случи на човек. Би работела и во таква состојба, би снимала песни, а не би ми било криво и да не биде како претходно“, вели таа. „Имам проблем со изборот на венчаница“, открива пејачката која ги подготвува сите свадбени детали.