Александра Пријовиќ ќе глуми во серијата „Убијците на мојот татко“

Пејачката Александра Пријовиќ доби улога во четвртата сезона од популарната српска серија „Убијците на мојот татко“. Таа во серијата ја глуми пејачка Миле. Според српските медиуми, Александра ќе се појави во две епизоди и таа веќе ги снимила нејзините сцени.

Пријовиќ не го крие задоволството што ќе се појави во серијата. Вели, била изненадена кога ѝ се јавиле продуцентите.

„Бев водушевена кога ме повикаа да глумам во серијата „Убијците на мојот татко“. Покрај тоа што ми претставува особена чест да глумам покрај нашите популарни актери, морам да признам дека ова ми беше голем предизвик. Одлично се снајдов, а за деталите не можам да зборувам се уште. Едвај чекам да започне новата сезона на серијата“, рекла таа за српски медиум.

За потсетување, и Лепа Брена, секрвата на Пријовиќ, на почетокот на кариерата имаше мала улога во филмот „Тесна кожа“ каде што се глумеше себеси и пееше. Неколку години потоа таа сними три филма „Ајде да се сакаме“, во кои ја имаше главната улога, а и таму се глумеше себеси.

Scroll to Top